Охрид, 2. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај.
– Од 30-ти април регионалниот пат Р-2332 е оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила со вкупна тежина до 3.5 тони, информираат од АМСМ.
Особено голема фрекфенција на овој патен правец имаше вчера. Многумина, традиционално, го искористија 1-ви мај и уживање во убавото време и скара со пријателите на Корита и околните места.
Инаку, години наназад стана пракса забраната за сообраќај на овој пат во зимскиот период. Секоја зимска сезона, освен што е проблем чистењето на снегот и одржувањето на овој патен правец, истиот е сообраќајно небезбеден. Стручните лица, но и рекреативците во повеќе наврати потсетуваат за ваква состојба, патот е тесен, со остри кривини и уништена заштитна ограда. Но, засега никој не презема одговорност, ниту конкретни чекори за санирање на состојбата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес