Охрид, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридски ланец маркети „Тамаро“, од денес за своите купувачи нуди нова поволност и најавува нов бренд, Хард дисконт.
Станува збор за маркет со лимитиран број производи, кои ќе се продаваат по исклучително ниски цени.
Како што велат од менаџерскиот тим на „Тамаро“, понудата содржи асортиман од 350 најосновни артикли, кои ќе се продаваат по екстремно ниски цени и ќе ги има само во овој дисконт. Ќе има многу производи под брендот на „Тамаро“.
Маркетот се простира на околу 400 м2 и се наоѓа веднаш до „Тамаро 6“ маркетот на улицата „7-мо Ноември“, во склоп на фабриката „Братство“. Работното време е од 11:00 до 19:00 часот и има 45 слободни паркинг места за купувачите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 196