Скопје, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Публикацијата на Светска Банка, Глобал Фајнанс, 25-ти пат по ред ја објави листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка за 2018 година“ за земјите од Централна и Источна Европа. Трета година во низа, единствена банка од Македонија, која го добива ова престижно признание е токму Охридска банка Сосиете Женерал, која неодамна одбележа 10 години од постоењето на Сосиете Женерал во Македонија.
Ова престижно признание за „Најдобра банка во Македонија за 2018 година“, Глобај Фајнанс и оваа година го додели на Охридска банка Сосиете Женерал, земјаќи во предвид низа објективни и мерливи критериуми како профитабилност, раст на актива, стратешки партнерства, бизнис развој, иновативни производи, но истовремено земајќи во предвид и низа субјективни ставови на аналитичари и експерти од банкарската индустрија.
– Горди сме што трета година по ред од етаблирани светски аналитичари, Охридска банка Сосиете Женерал е препознаена и прогласена за Најдобра Банка во Македонија. Оваа награда е само потврда за посветеноста на целиот тим на Банката кон одговорно и квалитетно делување и остварување на поставените цели. Како дел од банкарската индустрија во земјата, а носејќи ја гордо тежината на нашата Групација, продожуваме за работиме тимски, кон зајакнување на нашата позиција на пазарот, воведувајќи нови иновативни решенија, кои ќе им го олеснат работењето на клиентите од една страна и ќе создадат уште поголема доверба и лојалност од друга страна. Ваквите признанија и меѓународни награди се само уште еден мотив повеќе да продолжиме по патот на остварување на поставените цели, јакнење на учеството на пазарот, создавање нови иновативни производи наменети за нашите клиенти, и секако делување како општествено-одговорна компанија која дава значаен придонес во сите сфери од општественото живеење, изјави Бранка Павловиќ, Претседател на Управниот Одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.
Охридска банка Сосиете Женерал е универзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети – „Global Finance“, „Euromoney“ и „The Banker” и носител на наградата „Најдобра банка во Македонија“ во 2017 година од „Global Finance“ и „Euromoney”. Оваа година, Банката ја започна со уште една награда, повторно од Глобал Фајнанс, за „Најдобра банка во Македонија“ за 2018 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива