април 25, 2018

Охрид, 25. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Една од најголемите домашни спортски манифестации, Охридскиот пливачки маратон, кој е под капата на Светската серија на ФИНА, оваа година ќе одржи на 25-ти август.

Иако се` уште не е вметнат официјално во календарот на ФИНА и дефинитивно е утврден датумот на одржување, па маратонот од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри оваа година ќе биде седми по ред од вкупно 10 колку се во Гран при светската пливачка серија, јави порталот ekipa.mk.

Претходно во Охрид, на 18-ти август, ќе се одржи и Олимпискиот маратон кој првпат беше организиран минатата година. (Крај)

извор: екипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука