Охрид, 1. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот народен театар со претставата „Аналфабет“ ќе настапи на јубилејното 20-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово.
Фестивалот свечено ќе биде отворен утревечер, а ќе трае се до 21-ви октомври во салите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и во Театарот. Ќе настапат вкупно петнаесет претстави, од кои девет се од домашни театри, а шест од театри кои доаѓаат од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово.
Нашиот театар со „Аналфабет“ работена според текстот на Бранислав Нушиќ, под режисерската палка на Ѓорѓи Ризески е на репертоарот во вторник, 3-ти октомври. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 2