Охридските боксери од клубот „Алексо Огненоски“ со шест победи се враќаат од Штип од натпреварите од Првата и Младинска Бокс лига
ноември 30, 2024

Охрид, 30. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Боксерите од Боксерскиот клуб „Алексо Огненоски“ од Охрид со забележителни резултати и шест победи се враќаат од Штип каде се одржаа натпреварите од Првата и Младинска Бокс лига.

До вредни победи во своите категории стигнаа Наум Стојаноски, Христијан Стојаноски, Димитар Ѓорески, Лука Грозданоски, Михаил Аврамоски, Енис Алиу, а Петар Трајчески беше поразен со контраверзна судиска одлука и борбата му беше предадена на домаќинот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука