Охрид, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид претстојниот викенд ќе организира хуманитарна акција за собирање помош за жителите од поплавените подрачја во Република Македонија.
Донациите ќе се примаат на 14-ти и 15-ти февруари, в сабота и недела, во времето од 10:00 до 17:00 часот во просториите на Извидничкиот одред кои се наоѓаат во бараките на „Трудбеник“, кај каналот „Студенчишта“.
Хуманите граѓани можат да донираат храна, вода и хигиенски производи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 5