ноември 4, 2017

Охрид, 4. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По победата над Металург 2, охридските ракометари денеска ги продолжуваат натпреварите во Супер лигата. Во рамки на седмата рунда, тие вечерва гостуваат а незгодниот терен кај велешки Борец.

Моментално на табелата „гладијаторите“ се на третата позиција со 10 бодови, исто колку и тимовите на Еурофарм Работник и Пролет. Средбата во Велес е со почеток во 19:30 часот.

Инаку, локалната самоуправа вчера најави дека и понатаму ќе го поддржува РК Охрид и дека тимот ќе продолжи да функционира со актуелниот тренер и актуелниот играчки кадар. Покрај ова, договорено е да се одржи вондредно собрание на кое ќе бидат избрани соодтветните тела на РК Охрид согласно законот за акционерски друштва. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука