Охрид, 5. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети ги известуваат своите купувачи за работното време на нивните објекти за време на Божикните празници.
Во петок, на 6. јануари 2023 година, сите маркети ќе работат до 22:00 часот. Сабота, 7. јануари 2023 година е неработен ден, додека во недела, 8. јануари 2023 година ќе работат маркетите „Тамаро 5“ (булевар „Туристичка“ до 21:00 часот), „Тамаро 6“ (фабрика „Братство“ до 17:00 часот) и „Тамаро 7“ (улица „АСНОМ“ до 21:00 часот).
Од „Тамаро“ на сите свои купувачи им посакуваат среќни новогодишни и Божикни празници и мирна, успешна и бериќетна Нова 2023 година, исполнета со здравје и среќа за сите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20