февруари 15, 2023

Охрид, 15. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ученици добиваат образовни институции според највисоки стандарди, информира д-р Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

Од локалната самоуправа откриваат и повеќе детали за извршените активности:

Во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во 2022 година извршени се низа инвестиции.

-Целосно се промена електрична инсталација во вредност од 564.169 денари.
-Се набави IT опрема во вредност од 550.000 денари.
-Се набавија лектири 185.500 денари.
-Се набавија машини за чистење на подови во вредност од 500.000 денари.
-Партерно се уредува целокупниот простор околу училиштето. Се поставија четири настрешници и се реализира училница на отворено. Овие зафати се во вредност од 2.808.400 денари.
-Набавени се смарт табли 500.000 денари.
-Целокупниот систем за греење се замена и се постави нов и енергетски поефикасен. За таа цел се поставуваат топлотни пумпи. Вредноста на оваа активност е 11.498.486 денари.
-Се постави термофасада на целото училиште во вредност од 8.279.446 денари.

Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ започнаа градежните активности за изградба на ограда. После тоа се продолжува со партерно уредување на дворот и реализација на атлеткса патека.

– Во ова училиште претходно се изврши реконструкција на тоалетите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука