Охрид/Скопје, 12. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридски атлетичари ќе земат учество на отворениот митинг „Светски ден на атлетиката 2018“, што во организација на Атлетската федерација на Македонија се одржува денес во Скопје.
По одличните резултати постигнати на меморијалниот митинг „Влатко Димитров“, боите на АК „Охрид“ ќе ги бранат Мартина Мироска, Марија Јованоска, Елена Лазороска, Емилија Лазороска, Стефанија Ристеска, Искра Маџоска и Дејан Ангелоски.
Атлетскиот митинг ќе се одржи на Националната арена „Филип Втори“ со почеток во 11:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24