Охрид, 5. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Oхриѓанецот Наум Стојаноски, член на Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ е на подготовки во Златибор, Србија во пресрет на Балканско првенство.
По настапите во Будва, Стојаноски се подготвува заедно со останите членови на македонската репрезентација, а веќе утре ќе му се придружат и неговите клупски другари Енис Алиу и Димитар Ѓорески.
Балканското првенство ќе се одржи од 18-ти до 24-ти ноември во Лозница, Србија
Моментално на подготовки во Србија се боксери од Македонија, Србија и Украина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 148