Охрид, 21. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Прилеп се одржува Шаховски камп за млади шахисти од Охрид, Прилеп, Скопје и Неготино.
Тренер на младите шахисти им е веле мајсторот, државен репрезентативец Звонко Станојоски, кој вели дека сите учесници во кампот се најдобрите во своите категории во земјата. Очекува дека нивното учество во кампот ќе гарантира успеси на македонската репрезентација во шах.
Овој камп е еден од трите планирани во државата. Првиот беше организиран во Неготино, а сега се одржува во Прилеп. Според најавите на организаторите, првите десетина учесници, државни прваци во своите категории, ќе учествуваат во сите натпреварувачки кампови. (Крај)
извор: шеталиште фото: шеталиште
Прочитано: 24