март 26, 2018

Скопје, 26. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, околу 05:18 часот било опожарено патничко возило „Ренџ Ровер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Охрид, на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје.

– Од пожарот биле зафатени и делумно оштетени уште две патнички возила – „Опел Инсигниа“ и „Тојота Јарис“ и двете со скопски регистарски ознаки. Околу 05:10 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука