Охрид, 2. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Основците од ОУ „Дебрца“, „Ванчо Николески“ од Лескоец и „Св. Наум Охридски“ од Пештани, под раководство на нивните наставници по германски јазик, денес присуствуваа на божиќниот базар во Германската Амбасада во Скопје.
Учениците имаа можност да ја почувствуваат предновогодишната атмосфера со традиционална германска храна и пијалоци, карактеристични за овој период од годината.
– Настанот беше поздравен од германскиот амбасадор и детскиот хор, кој секоја година се претставува со божиќни песни. Ова е одлична можност да им се доближи германската култура и традиција на учениците кои го изучуваат германскиот јазик, велат настаниците кои присуствуваа на базарот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 6