април 30, 2018

Охрид, 30. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро денес е на котата од 693,95 метри надморска височина, односно 20 сантиметри над максималната граница од 693,75 метри.

Според податоците од УХМР езерската вода била на оваа кота и во текот на минатата недела. Што се однесува до просечниот водостој за месец април, тој изнесува 693,59 м.н.в.

uhmrvodostoj

Метеоролозите со најава дека продолжува периодот на топло време со умерен југоисточен ветер.

– Денес ќе се задржи умерено облачно време, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука