април 18, 2018

Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и денес останува на кота од 693,98 метри надморска височина, односно за 23 сантиметри над максималната граница од 693,75 метри.

Испустот на Охридското Езеро во реката Црн Дрим кај Струга деновиве останува максимално отворен, што полека почнува да дава резултати.

Метеоролозите за денес најавуваат променливо облачно време со локален дожд и услови за ретки грмежи, претежно во планинските региони и попладне. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе засилува. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.

– До петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува претежно умерен северен ветер. Во петок во северните делови и вдолж Повардарието ветерот повремено ќе засилува и ќе биде малку пoсвежо. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат во пораст, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес/Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука