мај 2, 2018

Охрид, 2. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид во пресрет на новата туристичка сезона ќе добие нова понуда во угостителскиот дел, хотел „International“.

Станува збор за атрактивен угостителски објект со 4 ѕвезди, кој се наоѓа во населбата „Бејбунар“, на прва линија на Булевар „Туристичка“, наспроти бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Неофицијално, станува збор за вредна инвестиција на струшки бизнисмени, што ќе значи значително збогатување на понудата во Охрид, во пресрет на главната туристичка сезона. Оставаме зад нас еден одлично исполнет со гости првомајски викенд, кој, ако се суди по исполнетоста, најавува уште една одлична туристичка сезона. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука