мај 27, 2018

Охрид, 27. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид денес по втор пат е домаќин на Балканско првенство во бразилска џиу џица Ohrid Open 2018. Ќе учествуваат околу 150 натпреварувачи од земјите од Балканот.

Натпреварите ќе се одржат во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 10:00 часот.

– По одличната организација и стекнатото искуство и оваа година го организираме првенството во бразилска џиу џица. Станува збор за силен турнир на кој ќе се настапува по официјалните IBJJF правила, велат организаторите од клубот Roots BJJ од Охрид.

Бразилската џиу џица произлегува од џудото. Како вештина е доста застапена во такаречено сега поново време, млада вештина која сеуште се развива и е во експанзија. Најчесто се работи спортската бразилска џиу џица, тоа значи дека ударите се исклучени. Се работи најчесто на фрлања, борба за позиција и партерна борба, целата контрола на тело, на екстремитети се`до завршување со некаква полуга или зафат. Борбата некогаш е временски ограничена, некогаш е на поени, но тоа зависи од конкретниот натпревар и категоријата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука