мај 14, 2018

Охрид, 14. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Бројни светски стручњаци ќе учествуваат на деветтиот Меѓународен конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина што од 30-ти мај до 3-ти јуни ќе се одржува во Охрид.

Интензивирање на соработката меѓу науката и стопанството, како и обезбедувањето квалитетен кадар за металуршкиот сектор ќе бидат теми во фокусот на годинашниот конгрес.

Покрај домашни ќе присуствуваат и експерти и професори од Турција, Украина, Шведска и Австрија, а целта е најновите научни достигнувања да се доближат до индустријата.

Ќе бидат презентирани 30-на научни трудови, а предвидени се и презентации од страна на компаниите – учеснички. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука