Охрид, 17. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти и 24-ти јануари во хотелот „Милениум“ во Охрид ќе се одржи работилница “Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона”.
Работилницата е во рамки на ИМЕ програмата во организација на ЕСА Охрид, а е наменета за сопственици на приватно сместување од Охрид.
Презентер ќе биде Албион Идризи, познат претприемач со MBA диплома во авијација, IATA обучувач во програмите за туристичката индустрија, со 22 годишно работно искуство во Германија и Косово.
Темите на работилницата треба да овозможат подобро користење на продажните и дистрибутивните канали со цел да се зголеми продажбата на сместувачките капацитети преку целата година.
Зголемување на пазарната вработливост (IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Swisscontact која од 2015 година работи на зајакнување на секторот туризам и угостителство во Македонија. Тоа го прават преку подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат и проширување на пазарите во три дестинации: Охрид, Крушево и Маврово. Оваа година дел од активностите ќе бидат посветени кон зајакнување на понудата на сместувачките капацитети. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива