мај 17, 2018

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Партиските лидери од денес до сабота во Охрид ќе го подобруваат дијалогот во рамките на процесот „Жан Моне“ кој го иницираа европратеничката тројка Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.

Процесот е во насока на подобрување на комуникацијата помеѓу власта и опозицијата во македонското собрание.

Деловникот за работа, етичкиот кодекс, буџетската независност на македонското Собрание, се дел од прашањата што се очекува да бидат дискутирани во рамки на процесот.

Средбата во Охрид ќе започне вечерва, а главните активности ќе се одржуваат во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука