мај 9, 2018

Охрид, 9. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на „Медиа спорт“ од Словенија, а под покровителство на општина Охрид, денеска ќе се одржи голема детска спортско-рекреативна манифестација „Жогарија-Лоптарија“.

Ќе учествуваат 160 деца од осумте основни училишта од Охрид и од детската градинка „Јасна Ристеска“. Тие ќе се натпреваруваат во неколку игри, „Три на три“, фудбал, игра на вештини и квиз на знаење.

Манифестацијата ќе се одржи на СРЦ „Билјанини извори“, а ќе ја отвори градоначалникот Јован Стојаноски.

Овој спортско рекреативен настан, којшто има традиционален карактер годинава, ќе се одржи во осум држави: Република Македонија, Словенија, Црна Гора, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Србија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука