мај 26, 2018

Охрид, 26. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и утре во Охрид ќе се одржува финалето во атлетскиот Куп на Македонија за сениори-ки.

Натпреварите во тркачки и фрлачки дисциплини ќе се одржуваат на стадионот „Билјанини извори“.
Организатор е Атлетската федерација на Македонија, а учество ќе земат и членови на атлетскиот клуб „Охрид“. Ќе се натпреваруваат: Мартина Мироска, Марија Јованоска, Стефанија Ристеска, Искра Маџоска, Елена Лазороска, Емилија Лазороска, Стефан Стефаноски, Блаже Љушев и Дејан Ангелоски.

Почетокот на натпреварите денеска е од 16:00 часот, а утре од 10:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука