Охрид, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Гир Риг“, како општествено одговорна компанија, со салони за мебел во Охрид, Битола, Кичево и Струга, ќе се приклучи во акцијата за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески-Тачо, кој боледува од тумор Астроцитома, а кој итно треба да се оперира во Италија, информираат од компанијата.
– За таа цел уплативме помош на жиро сметката која е отворена за оваа намена и се надеваме дека оваа скромна донација од наша страна, заедно со сите акции кои деновиве ги покренаа хумани охриѓани, но и компании од Охрид и пошироко, ќе придонесе Трајан повторно да биде меѓу нас, жив, здрав и насмеан, додаваат од „Гир Риг“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 4