Охрид, 1. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија во наредната година ќе биде домаќин на Европскиот куп во далечинско пливање во дисциплината на 10 километри, што ќе се одржи на 17-ти август во градот Охрид.
Информацијата за Вечер ја потврди на првиот човек на Македонската пливачка федерација, Александар Маленко, кој изминативе неколку дена беше во Будимпешта каде имаше средби со неколкумина претставници на Пливачките федерации во регионов, меѓу кои претседателот на Европската пливачка федерација (ЛЕН), Паоло Барели.
– Барели безрезервно ја подржа апликацијата и едногласно усвои од сите членки Македонија да биде организатор на ова големо натпреварување, вели Маленко.
Маленко имал средба и со претседателот на Балканската пливачка федерација, Саракацанис, кој потврдил дека нашата држава од 8-10 август 2019 година ќе биде организатор и на Првото балканско јуниорско првенство во далечинско пливање во штафетите на пет, 7,5 и десет километри. (Крај)
извор: Вечер фото: архива