Охрид, 29. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Последниот викенд од април, Охрид, најголемиот туристички центар во државата го пречека со солидна исполнетост со гости од земјата и странство.
Градот и денес беше солидно исполнет со гости, од кои најбројни се гостите од Албанија, Косово и Грција, но не помал е бројот и на посетители од Турција и Јапонија. Терасите се полни со гости, а солидна беше и исполнетоста на рестораните и останатите угостителски објекти.
Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Индексот на УВ зрачење ќе има вредност 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.
– Продолжува периодот на топло време, со слаб до умерен развој на нестабилна облачност и понекаде со краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во попладневните часови, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес