Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски музичар Александар Јосифовски наскоро ќе ја израдува публиката со нова песна, на која работи напорно, а во пишувањето на текстот му помогна и водителката на Гранд, Сања Ќулибрк.
– Подготвувам нешто ново, песна напишана од Григор Копров. Текстот е делумно мој, а дел го напиша мојата драга Сања Ќулибрк, која се потруди со сите сили да и’ даде личен печат, рече Александар и откри за што ќе пее во новата песна:
– Песната ќе покаже како може да изгледа секоја љубов кон една жена.
Поранешниот учесник на шоуто „Ѕвезда Гранда“, Александар Јосифовски неодамна го објави дуетот со колешката Белма Хусеинефендиќ, а песната за многумина беше големо изненадување. Дуетската нумера наречена „Воли ме ко себе“, како и видеото снимено во Охрид, наиде на лавина позитивни реакции. (Крај)
извор: grand.nova.rs фото: grand.nova.rs