Охрид, 27. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 38-годишниот Р.К. од Охрид, со привремено престојувалиште во Пенсилванија, САД поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“.
Во текот на мај оваа година, пријавениот, на катарстарска парцела на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, како инвеститор започнал да врши градба на индивидуална стамбена куќа на сопствено земјиште без одобрение за градење.
Од страна на службените лица од општинскиот градежен инспекторат од Охрид бил извршен увид за што е изготвен записник и донесено е решение за отстранување односно за извршување-присилно административно рушење на бесправната градба. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива