Охрид, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47 – годишниот Б.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“.
– Пријавениот како инвеститор, без одобрение за градба и спротивно на законот за градење издадено од надлежен орган, бесправно изградил семејна куќа од П+1 кат на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид, прецизираат од СВР Охрид.
Во текот на февруари оваа година, овластен градежен инспектор од одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, извршил инспекциски надзор и со записник потврдил дека се работи за бесправно изграден објект, спротивно на Законот за градење. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 24