Охрид, 9. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, околу 20.20 часот во Охрид, на раскрсницата од кеј „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“ се случи инцидент во кој е нападнат полицаец.
– Од страна на униформирани полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, при вршење на работи на безбедноста на патниот сообраќај, извршена е контрола на патничко моторно возило „Опел тигра“ со охридски регистарски ознаки управувано од страна на 28-годишниот Ј.А. од Охрид кој почнал да вика на висок тон и да биде агресивен. Во еден момент Ј.А. физички нападнал приправник за полицаец. Лицето е лишено од слобода, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 22