Струга/Охрид, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Криминалната полиција Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.Р. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 11-ти овој месец пријавениот во продавница во селото Плитишта пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 1000 денари.
Било утврдено дека пријавениот пуштил во оптек повеќе банкноти во продавници во повеќе градови во државата. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 29