Охрид, 3. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Иако беше најавено дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае до 19:00 часот, охриѓани негодуваат, се` уште се без вода.
Од охридски Водовод, за OhridPress информираат дека причина за доцнењето е дефект кој настанал на главниот доводен цевковод 700 mm од пумпната станица Метропол.
– Во рамки на акцјата се чистеа резервоари, цевководи, вршевме промена на шиберите кои не функционираа. Пролонгирањето е поради отстранување на дефект на доводниот цевковод, од каде се врши главниот дотур за летната сезона, велат од Водовод Охрид.
Екипите се сеуште на терен, а охриѓани ќе добијат вода пред полноќ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 59