Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нина Ангелоска од Карате Доџо „Самурај“ освои бронзен медал на 50-то Државно првенство во Ката, кое се одржа во Скопје, во организација на Македонска традиционална карате федерација.
Карате Доџо „Самурај” учествуваше со пет натпреварувачи, а место на пиедесталот освои Ангелоска во категоријата постари кадети.
– Задоволството е големо заради освоениот медал. На првенството учествуваа 23 клубови со 168 натпреварувачи. Во секој случај ова беше едно добро искуство за сите натпреварувачи во насока на подобрување на нивното ниво, вели тренерот Ѓоко Томоски.
Она што ги очекува периодов е уште едно Државно првенство, а се планира и учество на два турнири, еден во Македонија и еден во Србија. Томоски се надева на добри резултати за успешно комплетирање на оваа натпреварувачка сезона. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Карате доџо „Самурај“