Охриѓанка ограбена во Скопје, со употреба на сила ѝ бил одземен личен накит
ноември 5, 2024

Скопје/Охрид, 5. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти ноември 2024 година, во 15:40 часот во СВР Скопје, 58-годишна жена од Охрид пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ одзело личен накит.

– Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука