октомври 17, 2017

Каљари, 17. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Масимо Растели е првата тренерска „жртва“ во италијанската Серија А, откако раководството на Калјари утрово реши да му врачи отказ на својот тренер по серијата слаби резултати.

Одлуката беше донесена по неуспехот на домашен терен од Џенова, што беше четврти пораз во низа за Калјари, доволно за да се вклучи алармот и на овој стручњак да му биде даден отказ.

„Масимо Растели повеќе не го води првиот тим на Калјари. Му благодариме на Растели за посветеноста во работата во изминатите две години, тој го водеше тимот до првото место во Серија Б, потоа ни помогна лани да стигнеме до 11. место. Му посакуваме многу среќа во иднина“ – се вели во клупското сооштение на Калјари.

Главни фаворити во трката за нов предводник на прволигашот од Сардинија се Масимо Одо и Бепе Јакини. (Крај)

извор:Eкипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука