април 22, 2018

Палермо, 22. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Илија Несторовски ќе биде надвор од терените 30-40 дена, покажаа медицинските прегледи. Македонскиот репрезентативец по половина час игра против Цитадела поради повреда на задната ложа на десната нога мораше да го напушти мечот.

Ова е голем удар за Палермо, откако ја загуби втората позиција на табелата во Серија Б, која носи директно место во најдобрата италијанска лига. Пред тимот на Несторовски и Трајковски е Фросинене кој има 62 бода односно два бода повеќе од Палермо, лидер е Емполи.

Несторовски кој веднаш почна терапија за санирање на повредата, најверојтно ќе ги пропушти дуелите со Авелино, Венеција, Бари и Тернана. (Крај)

извор: Спортмедиа фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука