Џенова, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според информациите од италијанските медиуми поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, по завршувањето на сезоната во Турција ќе се пресели во Сериа А, во екипата на Џенова.
Пандев не добива голема минутажа во Галатасарај и тоа е главната причина зашто сака да го напушти Истанбул.
Пандев со Џенова потпишал двегодишна соработка а се очекува да заработува 1,3 милиони евра по сезона.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 7