Охрид, 5. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Изградба на Регионалната депонија во Новаци до крајот на 2027 година, јакнење на меѓусебната соработка меѓу општините, итно формирање на заедничкото регионално претпријатие како и зајакнување на капацитетите на локалните јавни комунални претпријатија, се заклучоците од денешната панел дискусија на тема „Дивите депонии Буково и Мауцкер“ организирана од граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ во Охрид.
Учесниците посочија дека доцнат активностите, но сепак има интерес и на национално и локално ниво за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад. Во моментов се работи на тендерските документации за набавки како и на проектниот дизајн за регионалната депонија и претоварните станици.
Средствата се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), но се чека на подготвеноста на општините во Југозападниот и Пелагонискиот Регион да се усогласат околу изградбата на целата инфраструктура, околу набавка на возила, изградба на претоварни станици и изградбата на регионалната депонија.
Комплетната информација на порталот sdk.mk ОВДЕ. (Крај)
извор: sdk.mk/Сузана Вренцовска фото:sdk.mk