јануари 19, 2018

Охрид, 19. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на празникот Богојавление – Водици, од ЈП „Билјанини извори“ информираат дека денес ќе биде бесплатно користењето на паркинг просторот.

– Ваквата одлука е донесена со цел да се овозможи на граѓаните на Охрид и на сите гости поголема можност за присуство на самиот настан, информираат од јавното претпријатие.

Граѓаните бесплатниот паркинг ќе можат да го користат во периодот од 08:00 до 15:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука