Охрид, 8. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Лидерите на најголемите партии во Република Македонија на 18-ти мај се поканети да присуствуваат на процесот „Жан Моне“ во Охрид, заедно со пратениците и претседателот на Собранието Талат Џафери, јави Тв 24.
Телевизијата од партиски извори дознава дека поканата до лидерите дошла од европратеничката тројка која го иницираше процесот „Жан Моне“ за подобрување на комуникацијата помеѓу власта и опозицијата во Собранието на Република Македонија.
Од 17-ти до 19-ти мај во Охрид, по двајца претставници од пратеничките групи ќе разговараат за подобрување на собранискиот дијалог. (Крај)
извор: Тв 24 фото: архива
Прочитано: 33