Минхен, 16. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Играчот за врска на кинескиот Гвангжу и репрезентативец на Бразил, Паулињо, ова лето би можел да се врати на стариот континент по две години поминати во кинеската Суперлига.
Баерн Минхен е клубот со најголем интерес за Бразилецот а Анчелоти уште сега го подготвува тимот за следната сезона.
Паулињо во Кина заработува 7 милиони евра по сезона, а иако Баерн е финансиски моќен, сепак нема да му ја понуди истата заработка од Кина, но предизвикот да се игра за најдобриот тим во Германија е доволна причина за бразилскиот репрезентативец да се пресели во Минхен. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19