Манчестер, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Стратегот на Манчестер Сиит, Пеп Гвардиола не е задоволен од игрите и резултатите на екипата и ќе добие дополнителен буџет за да доведе нови засилувања со кои „граѓаните“ следната сезона повторно би се бореле за шампионската титула.
Таблоидот „Сан“ пишува дека Гвардиола од управата ќе добие 200 милиони евра, пари што шпанецот ќе ги потроши само на четири нови фудбалери.
На врвот на неговата листа со желби се наоѓа Обамејанг од Борусија Дортмунд, па следуваат Дени Роуз од Тотенхем, Давид Алаба од Баерн Минхен и Ван Дајк од Саутемптон. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23