ноември 16, 2017

Лима, 16. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Перу е последниот патник на Светското Првенство во Русија откако во бараж дуелот оваа селекција славеше над Нов Зеланд.

Првиот дуел заврши без голови, но Перуанците ја искористија предноста на домашниот терен и со победа од 2-0 го осигураа пласманот на мундијалот, прв за оваа селекција по СП 1982 во Шпанија.

Џеферсон Фарфан го постигна првиот погодок со силен удар од петнаесетина метри во 28. минута, пред Кристијан Рамос да ги разреши сите дилеми постигнувајќи го голот за водство од 2-0, резултатот што на крајот се покажа конечен. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука