Охрид, 2. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е петнаесеттиот ден од потрагата по исчезнатото лице од Белгија, 72 годишниот Марк Јорис, кој планинарел во реонот Охрид-Струга-Дебар.
– Лицето последен пат е забележано во атарот на струшкото село Лакајца, на 18-ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано било да помине низ Вевчани, Охрид и НП „Галичица“, сѐ до манастирот Св. Наум, каде што завршува последната етапа од патеката, велат од Националниот сојуз за планинско спасување.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) апелираат до граѓаните доколку имаат било каква информација за Јорис, да пријават во најблиската Полициска станица или на телефонскиот број 112. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 89