Охрид, 16. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Додека едни критикуваат и ништо не работат, јас и мојот тим сме фокусирани кон исполнување на нашето ветување, а тоа е да не постои образовен и детски објекти каде нема да се инвестира, реагира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков на изнесеното во денешниот допис до медиумите на ОО на СДСМ од Охрид од каде го обвинија дека се кити со туѓи перја за инвестициите во економското училиште СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.
– Во детската градинка „Јасна Ристеска“ обејкт „Лихнида“ ја променавме дограмата во холовите и економскиот дел во вредност од 451.704 денари. Во детската градинка „Јасна Ристеска“ објект „Билјана“ извршивме промена на подовите во вредност од 469.179 денари. Во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Трпејца ги променавме прозорците со цел да ги подобриме условите за одржување настава, а само за потсетување од страна на Министерството за образование беше ветена целосна реконструкција на овај објект, која за жал никако да се реализира. За тоа кој работи, а кој не, нека сведочат фотографиите од претходно и сега, вели Пецаков.
извор: ОхридПрес фото: архива