Охрид, 2. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ изминативе денови спроведуваат акција за расчистување плажите на потегот од населба Даљан до Свети Наум.
Се подигнува тешко разградлив комунален отпад оставен од несовесни граѓани, како и отпадот кој го натрупува езерскиот бран (најзастапени пластични шишиња, лименки и др.)
Од претпријатието информираат дека акцијата продолжува и следниве денови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 43