Дубаи, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Симона Халеп и Каролина Плишкова денеска од 16 часот ќе играат во финалето на ВТА турнирот во Дубаи.
Симона Халеп вчера во полуфиналето ја победи Каролин Вознијачки со 2-6, 6-1, 6-1, додека пак Плишкова ја елиминира Банинје Бланко со 6-4, 5-7, 7-5.
Ова ќе биде прв дуел на овие две тенисерки ,Халеп ќе се бори за втората титула оваа година, а десета во кариерата, додека Плишкова ќе се обиде да стигне до првиот трофеј во оваа година, а четврти во кариерата.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 11