Загреб, 15. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Победата над Словенија беше многу важна, триумф кој ја крена самодовербата на ракометарите и атмосферата меѓу навивачите, бодови со кои можеме да се бориме за висок пласман, но вечерва против Црна Гора треба да го завериме пласманот во втората рунда.
Репрезентацијата на Македонија денеска со почеток од 20:30 часот го игра вториот натпревар на Европското првенство, противник е селекцијата на Црна Гора.
Пласманот во втората рунда се уште го немаме обезбедено, како што беше и планирано, мечот со Црна Гора е клучниот натпревар на Европското првенство за наш пласман понатаму.Победата над Словенија е голема поради многу нешта, но таа ќе остане таква само доколку се пласираме во следната фаза, а тоа треба да го направиме вечерва.
Позитивна вест за нив е враќањето на голманот Небојша Симиќ за кој првичните прогнози велеа дека ќе отсуствува три недели и ќе го пропушти првенството, но се враќа само по неколку дека откако се повреди. Со серија одбрани тој може да го крене целиот црногорски тим, но дали ќе се разбрани зависи и од македонскиот напад. Голем пех за Црна Гора на овој турнир е неиграњето на нивниот најдобар ракометар, Вуко Борозан.
Раул Гонзалез нема проблеми со составот, на ситна повреда се жали Филип Миркуловски, но ќе биде подготвен за игра. Составот останува ист, нашиот селектор нема да го искористи правото на измена.
Македонија е фаворит во вечерашниот натпревар, доколку не не опушти победата над Словенија и одиграме на нашето високо ниво треба да се радуваме на уште еден триумф и пласман во втората фаза од Европското првенство. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива