Скопје, 5.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометната репрезентација на Македонија го победи Исланд со 30-25 во третото квалификациско коло, во Групата 4 за пласман на Европското првенство во Хрватска следната година.
Македонија по три одиграни натпревари има две победи и еден пораз, колку шти има и Украина, додека Исланд како и Чешка има една победа и два порази.Македонија до победата ја предводеа капитенот Лазаров со 10, односно Талески со пет голови и Ристовски со 12 одбрани.
Реваншот помеѓу овие два репрезентации ќе се одигра в недела во Рејкјавик со почеток во 19:45 часот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15